Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го нападна биткоинот, а го брани доларот

Трамп го нападна биткоинот, а го брани доларот

Екс американскиот претседател Доналд Трамп го нападна биткоинот, а го брани доларот. 

Биткоинот е „измама” што влијае на вредноста на американскиот долар, изјави Трамп за „Фокс бизнис”. Трамп кажа дека сака доларот да биде „валута на светот”.

„Не ми се допаѓа затоа што е друга валута што се натпреварува со доларот“, изјави тој. 

Вчера Ел Салвадор објави дека се подготвува да го прифати биткоинот како законско средство за плаќање.

Според некои прогнози, тој може да достигне вредност до 100.000 долари. 

Според проценка на „Блумберг“,  биткоинот попрво ќе достигне 100.000 отколку да падне под 20.000 долари. 

Слично

Поврзани вести