Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп доживеа пораз во Вашингтон и Вајоминг

Трамп доживеа пораз во  Вашингтон и Вајоминг

Доналд Трамп во трката за номинација на Републиканската странка на претседателските избори во САД, синоќа доживеа тежок пораз во сојузните држави Вашингтон и Вајоминг.

Тоа значи дека трката за именување на кандидат од Републиканците, за претседател на САД станува се понеизвесна, пишуваат тамошните медиуми. Иако американскиот милијардер Трамп води по анкетите и по бројот на освоените гласови, сенаторот на Флорида, Марко Рубио синоќа го победи на внатрешните избори во американската престолнина. Рубио доби 37,3% од гласовите, втор беше гувернерот на Охајо. Џон Кејсик, а Трамп беше на трето место со 13,8% од гласовите.

Избори во сојузните држави: Флорида, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо ќе има во вторник.

 
Слично

Поврзани вести