Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Брилијантно го користам даночниот систем!

Трамп: Брилијантно го користам даночниот систем!

По објавувањето во New York Times кое покажува дека Доналд Трамп пријавил загуби во износ од 916 милиони долари во даночна пријава во 1995 година и се појавија прашања за тоа какви даноци плаќал, кандидатот на републиканците за претседател се пофали дека ги користел даночните закони на земјата "брилијантно". 

„Успеав да ги користам даночните закони и мојот бизнис во сферата на недвижниот имот да излезе од таа каша, вие би го нарекле депресија, но малкумина успеале да го направат истото како мене. Јас легално ги користев даночните закони во моја корист и во корист на мојата компанија, моите инвеститори, и моите вработени. Мислам, чесно, брилијантно ги искористив овие закони"- рече Трамп на предизборен митинг во Колорадо.

Тој вели неговата работа го минимизирала даночното бреме. 


Слично

Поврзани вести