Трајни вработувања за 112 поранешни професионални војници
Решен е статусот на 112 поранешни професионални војници.
Војниците се задоволни што се затвори ова прашање. Ова е последната група на војници кои по навршувањето на 35 односно 38 години останаа без работа, откако им заврши службата во АРМ. Од нив 45 од поранешните професионални војници ќе бидат вработени во судската полиција, по 19 ќе работат во Министерството за здравство и во затворската управа, а 29 ќе станат дел од Министерството за одбрана.
Овие 112 поранешни војници ќе останат во јавниот сектор до пензионирањето. Работните позиции им се соодветни на образованието и се распределени во повеќе институции близу нивното место на живеење.
По повеќе години и по протест пред Собранието, се исполнија барањата на поранешните професионални војници.
Слично
