Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајковски подготвен на суд да ја докажува законитоста за уривањето на „Космос“

Трајковски подготвен на суд да ја докажува законитоста за уривањето на „Космос“

„Космос“ е дивоградба, аргументите се на наша страна и нема сомнеж дека сме постапувале законски, вели градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

Во предметот „ТНТ“ на СЈО е инволиран тој заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиевски и уште 4-рица вработени во општината. Трајковски реагираше по прес-конференцијата на Фијат Цаноски, сопственикот на „Космос“ кој бараше со овие лица да се видат на суд, но претходно Иванов да ја повлече аболицијата.

„Ниту сум барал ниту имам потреба да барам, ниту ќе барам да бидат изземен односно да бидам со одлука да бидам тргнат од постапка односно да биде спречена постапка. Ние повеќе пати некаде 9 пати во Управен Суд цела постапка ја докажавме. Јас сум спремен повеќе пати ако треба во судска постапка да ја докажам нашата законитост, бидејќи верувам дека овие аргументи се доказ со кои ние можеме без тронка сомнеж и во каква било постапка да докажеме нашата законитост“ - изјави  Трајковски.

Советниците од СДСМ во Гази Баба, деновиве револтирани ја напуштија седницата на совет и бараа Трајковски да си поднесе оставка поради случајот „ТНТ“.

Слично

Поврзани вести