Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајковски: Градежници вработуваат инженери додека да добијат лиценца

Трајковски: Градежници вработуваат инженери додека да добијат лиценца

Александар Трајковски од Независниот синдикат на градежните работници инженери и трговци во градежништвото се пожали дека дел од градежните фирми со малверзации добиваат лиценци за изградба на објекти од Б-категорија така што само привремено ги вработуваат градежните инженери а потоа ги отпуштаат.

Претставникот на синдикатот,  објаснува дека за една градежна фирма да добие лиценца за градба на објекти од Б-категорија мора да има вработено најмалку 5 лица од кои двајца треба да бидат инженери со овластување за иградба на оваа категорија на објекти.

Трајковски тврди дека дел од фирмите вработуваат инженери, колку за да ја добијат лиценцата, но по извесно време ги отпуштаат и продолжуваат да работат без инженери, кои треба да ја контролираат сигурноста и безбедноста на објектите што се градат.

„Тие градежни фирми работат на диво со тоа што подоцна ги отпуштаат од работа градежните инженери и работат без нив“ - изјави Александар Трајковски, претставник на независниот синдикат на ГРИТГ.


Слично

Поврзани вести