Трајкоска: Партиите формулираат и прават вести
Дел од политичките партии ја преземаа улогата на редакции, тие формулираат и прават вести 24/7, изјави директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На прашањето, дали медиумите станаа жртви на партиски договор, имајќи предвид дека еден месец нема никакви преговори за медиумите, а преговарачот Ванхауте изјави дека до изборите и нема да има, Трајковска вели дека жално е што сепак не се најде доволно сила медиумите да останат дел од преговарачкиот процес.
„Ние коишто работиме од страна или, пак, најголем дел од невладините и од здруженијата сметаат дека овој момент сега со овој процес на преговарање ќе биде искористен не само за изборите, туку и после изборите, бидејќи медиумската ситуација е екстремно лоша во Македонија и состојбата со медиумите и професионалното новинарство воопшто не е на завидно ниво. Некако се надевавме и го гледавме овој процес како еден долготраен процес во кој навистина ќе има системски реформи на медиумите и новинарите ќе можат навистина да работат професионално, одговорно, но и слободно пред сè“ - објаснува Трајковска.
Таа вели дека повеќе има вести од центри за комуникации, отколку од самите медиуми.
Слично
