Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајко Славевски дообјасни што мисли за зголемувањето на платите

Трајко Славевски дообјасни што мисли за зголемувањето на платите

Професорот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во Топ тема на Телма изјави дека донесувањето за минималната плата можеше да биде донесено со помали тензии и со помали поделби во општеството.

„Тоа е така затоа што кај нас синдикати од приватниот сектор речиси и да не постојат. Има податок дека само околу 5 % од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има синдикати кои со месеци ќе се среќаваат со работодавачите нема да доаѓаме до ултиматуми и закани“, рече Славески.

Вели дека не се усогласија платите кога се зголеми платата од 12.000 на 14.500. 

„Еве сега во моментов наставник кој има 24.000 плата треба да има 44.000 плата според коефициентот“, истакна Славески

Од март работниците ќе имаат минимална плата од 18.000 денари. 

Слично

Поврзани вести