Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајко Славески откако не беше зголемен минималецот: Инфлацијата се зголеми едноцифрено, а платите двоцифрено

Трајко Славески откако не беше зголемен минималецот: Инфлацијата се зголеми едноцифрено, а платите двоцифрено

Гувернерот на Народна банка, Трајко СЛавески, во емисијата „Анализа“ синоќа на ТВ 24 рече дека за да има реален раст на платите треба да има повисок раст на бруто домашниот производ. Според првиот човек на Народна банка, платите во моментов растат согласно законското годишно усогласување.

Ваквиот коментар од гувернерот следува откако вчера на седницата на Економско-социјалниот совет не беше прифатено барањето на ССМ за вонредно зголемување на минималната плата, која во моментов изнесува 24.500 денари.

- Треба да се опстои на она законско решение да има усогласување на платите во март. Пазарот си ги определува платите во приватниот сектор. Факт е дека во 2023 и 2024 имаше реален двоцифрен раст на платите, а едноцифрен раст на инфлацијата. Тоа е реално зголемување на куповната моќ,рече Славески.

Тој додаде дека зголемувањето на пензиите,исто како и зголемувањето на минималната плата, го зголемува инфлаторскиот притисок,но дека пензиите власта морала рапидно да ги зголеми затоа што тие заостанувале од 60 на 50 отсто во споредба со висината на просечната национална плата.

Слично

Поврзани вести