Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајко Славески: Охрабрува падот на инфлацијата пред евентуално намалување на каматната стапка

Трајко Славески: Охрабрува падот на инфлацијата пред евентуално намалување на каматната стапка

Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, денеска пред медиумите рече дека во блиска иднина нема да има намалување на основната каматна стапка, но дека охрабрува тоа што во таа насока има пад на инфлацијата.

- Ние се раководиме од состојбите кои се присутни во нашата економија,проекциите, проценките, движењето на стапката на инфлација. Охрабрува фактот што податоците за инфлацијата во август беа поповолни од оние во јули. Имавме за 0,4 проценти намалување на годишна основа - месец на месец и мислам дека овој тренд на намалување ќе продолжи.

Ние ќе постапиме соодветно на околностите и она што се уште се предизвици - од аспект на движењето на базичната инфлација и на некои непредвидливи шокови во иднина, рече Славески.

Слично

Поврзани вести