Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајчевски го прифати повикот на Владата и даде отчет за трошоците

Трајчевски го прифати повикот на Владата и даде отчет за трошоците

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за отворено и транспарентно работење и иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 годин.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во првата половина на годинава има направено трошоци во вкупен износ од 223.527,00 денари/

За патувања во странство потрошил 151.025,00 денари, од кои за авионски билети – 90.016,00  денари и за хотелско сместување – 61.009,00 денари.

Во трошоците за репрезентација во Република Македонија се регистрирани 55.630,00 денари од кои угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 24.790,00 денари и други угостителски услуги – 30.840,00 денари.

За службен мобилен телефон издатокот е 16.872,00 денари за половина година.


Слично

Поврзани вести