Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајановски: Општините ќе најдат пари за локалните избори

Трајановски: Општините ќе најдат пари за локалните избори

Претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на град Скопје Коце Трајановски смета дека ќе се најде начин за општините кои немаат предвидено средства за реализација на локалните избори.

- Во моментов не би можел да кажам кој е начинот, но ќе се најде решение, рече градоначалникот. Меѓу начините е општините да направат прераспределба на средства во рамки на своите буџети.

Општините на овие избори првпат треба да обезбедат средства за избирачките одбори. Трајановски вели дека како ЗЕЛС биле навреме информирани од Министерството за финансии и Државната изборна комисија да планираат средства за локалните избори. - Општините, истакнува, со некои мали исклучоци можеа да најдат средства со кои ќе ги покријат овие избори. Општините според Изборниот законик се должни да обебедат средства за избирачките одбори.

Вчера беше објавено дека 14 општини немаат пари за да го организираат гласањето. Меѓу нив се Тетово, Арачиново, Крива Паланка, Богданци, Демир Хисар.

Слично

Поврзани вести