Трајановски и Трајковски најавуваат големи проекти во Гази Баба
Големи проекти за општината Гази Баба најавува актуелниот градоначалник Тони Трајковски кој сега бара втор мандат од граѓаните. За време на вечерашниов митинг во населбата Триангла на помош пристигна и скопскиот градоначалник и негов сопартиец, Коце Трајановски.
Трајановски ги спомена проектите кои беа реализирани претходните 4 години во Гази Баба, како реконструкцијата на улиците „Благоја Стефковски“ и „Јужноморавски бригади“ , изградбата на фекален и атмосферски колектор за околните населбите, повеќе препумпни станица за фекални води, асфалтирани улици...
Тој ги најави и новите проекти, како нова фискултурна сала во СУГС „Боро Петрушевски, нов паркинг за тешки возила на влезот во Скопје, автопазар, изработка на проектна документација за изградба на нов мост на реката Вардар и булеварско решение до бул. „Беласица“, изработка на проект за проширување на улицата „Благоја Стефковски”, изградба на пешачки мост над булеварот „Александар Македонски“ во населбата Автокоманда, реконструкција на улица „Маџари“, изградба на влез и на излез од автопат на надвозникот во населено место Јурумлери над автопатот А1 (Е-75) кон општина Илинден, реконструкција на надвозникот во Смиљковци, изведба на водоводна линија по бул. Хрватсска и повеќе други проекти кои се најдоа во изборната програма.
