Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајанов предлага измени на Изборниот законик

Трајанов предлага измени на Изборниот законик

Изменување и дополнување на Изборниот законик кој предвидува пропорционален изборен модел и Македонија како една изборна единица се предлози кои ги предлага лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Пратеникот смета дека со ваквите промени би се обезбедил состав на Парламентот  кој ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се стеснат можностите за кршење на изборните правила, како и друг вид нерегуларности нотирани во сите извештаи на ОБСЕ и ОДИХР.

„Кризите покрај другото се и поради изборниот модел, односно поделбата на Македонија на 6 изборни единици, со кои се обезбедува доминација на една политичка партија, која во пракса воспоставува “еднопартиски систем“, суспендирајќи ги законодавната и судската власт, без механизми за контрола и одговорност на извршната власт.

Доколку Македонија биде една изборна единица повеќе партии ќе бидат застапени во Собранието, при што неминовно ќе биде потребна соработка и коалицирање при практицирање на власта, но пред сè ќе јакне одговорноста во одлучувањето и владеење на правото.

Со овој предлог во суштина се создаваат основните предуслови за практична „демонтажа на еднопартискиот систем“ и воспоставување на многу поодговорна власт, која ќе води сметка за државните и интересите на граѓаните“, вели Трајанов.

Тој очекува поддршка за овој предлог од сите партии кои се определени за повеќе права и демократија, како и за поголемо учество на граѓаните во носењето на крупните одлуки битни за иднината на државата.

Слично

Поврзани вести