Трајанов: Не прислушувале странски служби
Пратеникот Павле Трајанов, кој е дел од владејачката коалиција, во изјава за Радио Слободна Европа, вели дека не е точна тврдењето на власта дека во земјата прислушувале тајни служби.
Тој вели дека нема сомнение дека се работи за автентични материјали и одговорноста за прислушување паѓа на власта. Трајанов го повика и јавниот обвинител да спроведе транспарентна истрага на случајот.
„Јавниот обвинител мора да спроведе една опширна јавна транспарентна истрага и тие информации коишто се презентирани на еден или друг начин да ги документираат и зависно од тоа дали тие ќе се покажат како точни информациите, да спроведат соодветна постапка, инаку нема сомнение дека се работи за автентични материјали“, вели Трајанов
Пратеникот од владејачката коалиција, има различен став од од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ кои тврдат дека снимките се креирани, и смета дека повеќе од јасно е дека системите на МВР биле употребени и злоупотребени за прислушување.
Слично
