Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трајанов: Иванов ја загрози перспективата на земјата

Трајанов: Иванов ја загрози перспективата на земјата

Претседателот Ѓорге Иванов практично го разора целокупниот правен поредок во земјава и ја загрози перспективата и иднината на Република Македонија, кажа на денешната прес конференција лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Најави  дека до Собранието ќе биде доставена иницијатива за свикување вонредна седница на која ќе се донесе одлука за поништување на одлуката за распуштање на Собранието и ќе се започне постапка за испитување на одговорноста на Иванов. За оваа иницијатива веќе се собрани потписи од 37 пратеници што е повеќе од минимум потребно согласно собранискиот деловник и Уставот.

„Прво да се суспендира одлуката за распуштање на Собранието за тоа да почне да работи со целосен капацитет и второ да отпочне постапка за одговорност на Иванов поради основани сомненија дека го крши Уставот на РМ со одлуката за аболиција на политичарите. Со оваа одлука Иванов ги издвои политичарите од сите други граѓани затоа што повеќе од јасно е дека со ова законите не важат за политичарите, туку само за обичните граѓани. Мислам дека со тоа не ги почитува законите и Уставот туку прави селекција, едни закони да важат за политичарите, а други за граѓаните„- вели Трајанов.

Тој објасни дека во Парламентот има уште една иницијатива досега потпишана од 37 пратеници за свикување вонредна седница и отпочнување постапка за утврдување на одговорност на претседателот Иванов.

Трајанов ги повика граѓаните на масовни, но мирни протести.

Слично

Поврзани вести