Трагични детали за удавениот Лука, син на одбојкарска легенда
Медиумите од регионот откриваат нови детали за трагичната смрт на 13 годишниот Лука кој се удави во Хрватска на островот Брач.
Момчето било на летување со семејството, а кобниот ден со другарите заминал надвор, а на мајка му околу 18 часот и кажал дека ќе оди со нив на игралиштето во близина да играат кошарка.
- Изнајмија кајак, тој и неговите пријатели. Кажаа потоа дека им било доволно, двајца заминаа на игралиштето, а тој им рече дека ќе остане да се бања уште малку, вели очевидец за хрватсите медиуми.
Медиумите пишуваат дека момчето било здраво, никогаш не пиело лекови, но на топлото време играло кошарка, возело кајак, а потоа така затоплен скокнал во морето. Сепак резултатите од обдукцијата ќе ја кажат причината за смртта.
Инаку, Милинковиќ е најголема одбојкарска легенда на Аргентина, а по потекло е Србин. Се оженил за новосаѓанка со која го добил синот Лука.
Во текот на кариерата играл за некои од најголемите светски клубови како Сисли од Тревизо, каде му бил соиграч на Никола Грбиќ. Им беше еден од најдобрите пријатели на браќата Грбиќ.
Шест години е биран за најдобар одбојкар на Аргентина, а три пати учестувал на Олимписките игри.
Лука и сам тргнал по стапките на татко му. Бил член на Одбојкарскиот клуб Војводина, а играл на местото примач.
