ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА ВО ТУТИН: Пронајдено телото на детето (2) кое паднало во река
Во ТУТИН пронајдено тело на двегодишно дете по кое се трагаше.
За жал потрагата имаше трагичен крај.
Малото момче денеска околу 16 часот и 10 минути паднало во реката Видрењак кај овој град и исчезнало под водата.
Спасувачите со чамец го бараа исчезнатото момче, како и пожарникари и полицајци кои од брегот го пребаруваа коритото на реката.
Оваа област беше зафатена од обилни врнежи од дожд, реките се излеаа.
Според електронските медиуми, детето живеело во импровизирана ромска населба лоцирана на брегот на реката Видрењак. Се претпоставува дека од невнимание паднало во водата кога родителите се приближиле да ја видат надојдената река.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
