Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈАТА НЕМА КРАЈ: Жртвите на пожарот во Грција повторно се зголемија

ТРАГЕДИЈАТА НЕМА КРАЈ: Жртвите на пожарот во Грција повторно се зголемија

Жртвите од пожарите во Атика повторно се зголемија и веќе тој биланс е 76 лица, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на официјални информации. Меѓутоа, според Прототема, жртвите се 77 лица.

Досега се соопштуваше за 74 загинати, но е пронајден постар пар, изгорен во куќа во селцето Мати. 164 лица се повредени, од кои 23 беа деца. 

Неофицијално над 100 лица уште се водат за исчезнати, а во специјална онлајн платформа се наведува идентитетот на 30 лица кои се бараат. Таму се даваат сигнали од роднини и пријатели. Се пребаруваат карпестите области долж брегот на Атика за преживеаните.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас веќе увери дека нема да има луѓе на кои нема да им се помогне. Грција веќе побара помош од ЕУ, Бугарија понуди да помогне со 50 пожарникари и 2 противпожарни камиони, а помош дава и Македонија. Во меѓувреме обвинителот Ксенија Димитриу нареди истрага за причините за пожарите поради индикации дека реакцијата на државата била бавна и дека немало план за евакуација за таква ситуација. Потсетуваме дека официјално се покажува дека најголемиот огнен фронт тргнува од 3 одделни огништа и има огромни сомнежи дека станува збор за подметнатост.

Слично

Поврзани вести