Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Загинаа 16 луѓе при превртување на автобус

ТРАГЕДИЈА: Загинаа 16 луѓе при превртување на автобус

При превртување на автобус во Бугарија, 16 луѓе загинаа, а 27 се се повредени.

Несреќата се случи доцна попладне на патот Софија – Своге, на два километри од излезот на Своге кон Софија. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во автобусот имало имало 33 патници и возачот. Повеќе од 20 се пренесени во болница, некои се со сериозни повреди.

Сите загинати, според полицијата се на возраст над 30 години. Тие патувале на екскурзија во манастирот „Седумте престоли“.

Меѓу повредените е и возачот на автобусот кој воедно е и сопственик на компанијата превозник „Мобилус 5“. Поради сериозноста на повредите тој засега не може да биде испрашан за причните за трагедијата.

Првиот сигнал за несреќата пристигнал непосредно по 17 часот. Според првичните информации, автобусот  изгубил контрола на влажниот асфалт, удрил во два автомобили, по што неколкупати се превртел и паднал во провалија длабока 20 метри на бетонска платформа под патот.

Заменик министерот за транспорт, Ангел Попов изјави дека се истражува информацијата дека автобусот не поминал повторен технички преглед што требало да се спроведе на почетокот на август, иако рече дека и фирмата и возачот ги имале сите потребни документи. Исто така, во компанијата сопственик на автобусот, неодамна имало инспекција, која не утврдила никакви незаконитости во работењето.

Владата во понеделник прогласи Ден на жалост, а одлуката ја соопшти премиерот Бојко Борисов на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести