Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Дедото почина од струен удар при невремето, а сега и внукот

ТРАГЕДИЈА ВО СРБИЈА: Дедото почина од струен удар при невремето, а сега и внукот

Во Србија, момче загина од струен удар, а пред 9 дена на ист начин починал и дедо му.  

Семејството на малолетното момче (13) кое синоќа загина во Бачка Паланка од струен удар, пред нешто повеќе од една недела загуби уште еден член при невреме. 

Трагедијата се случила поради електрични кабли кои виселе на куќата. Неофицијално, детето се фатило за каблите и тогаш се случил струјниот удар.

Дедото загинал на 22 јули при невреме. Имаше 66 години. Тој се обидел да го извади кабелот кој паднал во дворот од неговата куќа и починал на лице место од струен удар.

Жителите на Бачка Паланка велат дека несреќата се случила во близина на училиштето. Тие на градските власти со години им укажуваат дека исти и слични проблеми има и на други места.

Невремето кое неодамна ја погоди Србија однесе неколку жртви. 

И во Хрватска при невремето имапе жртви, а вчера медимите јавија дека човек загинал додека отстранувал паднато дрво. 

Слично

Поврзани вести