Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Во несреќата МВР го загуби врвот на хеликоптерската единица

ТРАГЕДИЈА: Во несреќата МВР го загуби врвот на хеликоптерската единица
Врвот на полициската хеликоптерска единица „Јастреби“ загина во катастрофалната хеликоптерска несреќа што се случи вчера во Струмица. МВР соопшти дека загуби четворица врвни пилоти. Драги Мицев од Струмица, Марјан Трајковиќ од Куманово, Тоде Орешков од Кавадарци и Иљо Лопатички од Битола – ова се четворицата пилоти во МВР што го загубија животот во трагедијата. Сите имале долгогодишно пилотско искуство. Мицев бил началник на воздухопловните сили на МВР, пилот со 34 години работен стаж, Трајковиќ бил пилот-капетан со работен стаж од 37 години, Орешков – воздухопловен инспектор за лиценцирање воздухопловен персонал и пилот кој летал веќе 36 години, Лопатички – командир-пилот со работен стаж од 36 години. Учествувале и во акциите за спасување од поплавите во соседна Србија. Неодамна евакуирале и неколкумина алпинисти од Солунска глава. „Тие беа врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал кој МВР го имаше. Беа искусни и со безброј часови лет во различни услови и во различни акции“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Хеликоптерската единица „Јастреби“ во ноември годинава ќе одбележи 45 години постоење. Единицата е формирана во 1969 година, но првиот хеликоптер беше купен во 1970 година. Првиот купен хеликоптер беше Agusta Bell 206A JetRanger II. Овој хеликоптер претрпе несреќа на една негова мисија и подоцна во 1973 година се купи нов хеликоптер Agusta Bell 206B JetRanger III кој и ден денес активно ги извршува задачите во Хеликоптерската единица на МВР. До вчера, единицата „Јастреби“ располагаше со седум хеликоптери кои активно учествуваат во заштита и спасување на граѓаните.Четири од нив од рускиот модел Ми-17, од кои еден вчера доживеа трагична несреќа кај Струмица, во која целосно е уништен. МВР веднаш формираше комисија која ќе спроведе истрага за причините за несреќата, а одговори се очекува да дадат и двете црни кутии од хеликоптерот, кои ќе ги отвори производителот.  
Слично

Поврзани вести