Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија во Куманово: Се обеси 11-годишно момче со каиш

Трагедија во Куманово: Се обеси 11-годишно момче со каиш

Единаесет годишно дете синоќа се обесило во домот на своите родители во кумановската населба Перо Чичо.

Трагедијата се случила околу 19 часот. Момчето се обесило со платнен ремен од јакна кој го врзал за рачката од плакарот. Безживотното тело на детето го пронашло неговата сестра, а кога стигнала Итната помош лекарите можеле само да констатираат смрт.

Во кумановската полиција овој случај е заведен како самоубиство, но не се знаат причините зошто детето си го одзело животот.

Проштално писмо не е најдено.

Телото е предадено на обдукција.

Слично

Поврзани вести