ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Почина девојчето кое беше претепано од родителите
Почина 2-годишното девојче во Хрватска, кое беше претепано од родителите.
Тешко повреденото двегодишно девојче од Нова Градишка кое во средата е примено на Детската клиника во Загреб, почина денеска, јавија хрватските медиуми.
„Со голема тага и жал мора да ве известиме дека која нашата мала пациентка, и покрај сите преземени тераписки мерки и исклучителни напори на тимот за интензивна нега, дојде до клиничко влошување. Поради тоа, според протоколот, спроведена е постапка за утврдување на мозочна смрт, која за жал е потврдена. Почивај во мир“, се зборовите од официјалното соопштение од болницата, потпишано од директорот професор д-р Горан Роиќ.
Лекарите со денови се бореа за животот на девојчето. Мајката им рекла на лекарите дека детето паднало. Но, освен тешки повреди на главата имало и модрици по телото од различен период и јадеж, па лекарите веднаш се посомневале во приказната на мајката.
Сомневањето е дека детето е злоставувано од ноември 2020 до 31 март 2021 година. И за останатите три деца кои се одземени од заедничкото домаќинство постои сомнение дека биле злоставувани подолг период. Родителите се уапсени.
