Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА: Гром уби планинар

ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА: Гром уби планинар

Гром усмрти планинар во соседна Грција. 

Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, затоа што еден од планинарите загинал, а другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.

Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок е однесена дома. Ги спасувале 14 пожарникари со пет возила. Хеликоптер ги пренел повредените во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала. Трката почна во саботата навечер, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта кога се случила несреќата.  Деновиве гром удри во Британка која се капела на плажа во хрватскиот град Сплит. Повеќе земји од регионот се соочија со невреме. 

Слично

Поврзани вести