Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИЈА: Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа

ТРАГЕДИЈА: Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа
Директорот на македонската фудбалска репрезентација Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа синоќа, на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово. Во несреќата повреден е и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиески, како и двајцата сопатници во возилото, но и возачот на другото возило со кое настанал сударот. Сите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје за хируршки интервенции. Несреќата се случила нешто по полноќ, која Милошевски, Ѓорѓиески и уште двајца сопатници се враќале од хуманитарен натпревар. На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, кај клучката во населбата Карпош, возилото „Пежо 508“, сопственост на Фудбалската федерација на Македонија, со кое управувал претседателот на ФФМ Ѓорѓиески, се судрило со возило - џип Ваз со кој управувал 62-годишен жител на кумановско Малотино. Причините за несреќата полицијата уште ги утврдува. 40-годишниот Милошевски на лице место им подлегнал на повредите од несреќата. Спортскиот директор на фудбалската репрезентација беше поранешен репрезентативен голман на Македонија, а настапуваше и за фудбалските клубови Пелистер, Вардар, Трабзонспор, Малатија и Енозис.
Слично

Поврзани вести