ТРАГЕДИЈА НА ОСТРОВОТ ЛЕЗБОС: Најмалку 15 мигранти се удавија при превртување на чамец
Најмалку 15 мигранти се удавија кога чамецот во кој се
наоѓаа се преврте рано утринава во близина на грчкиот остров Лезбос во
Егејското Море, соопшти крајбрежната стража.
Како што е наведено, во чамецот имало околу 40 лица, а досега се спасени пет лица, па околу 20 лица се уште се водат како исчезнати.
Бродот се превртел источно од Лезбос, кој е во близина на брегот на Турција.
Брод на крајбрежната стража и хеликоптер на грчкото воздухопловство учествуваат во потрагата по исчезнатите. Потрагата е отежната поради силниот ветер во областа.
Грчките власти спасија 30 мигранти чиј брод потона во средата откако удри во карпи за време на бура кај островот Китира, во јужна Грција, јавува Ројтерс.
Фото: unpslash
Слично
