Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трагедија кај Мало Трново. Автобус со украински патници се превртел, има загинати и повредени

Трагедија кај Мало Трново. Автобус со украински патници се превртел, има загинати и повредени

Автобуска несреќа утрово се случила во близина на Мало Трново, на патот кон бугарско-турската граница, при што има загинати и повеќе повредени лица.

Според информациите што за БТА ги изнел градоначалникот на Мало Трново, Илијан Јанчев, најмалку две лица го загубиле животот. Тој посочил дека автобусот претходно застанал на патот поради тоа што останал без гориво, по што почнал да се движи наназад и се превртел.

Од возилото се извлечени сите повредени. Дел од нив, односно десет лица, биле пренесени во Центарот за итна медицинска помош во Мало Трново, додека шестмина со посериозни повреди биле транспортирани во болници во Бургас.

На местото на несреќата интервенирале полициски и медицински екипи. Несреќата се случила во раните утрински часови, непосредно пред 7 часот, на правецот кон Турција.

Според податоците од Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас, во автобусот се наоѓале 39 украински државјани, од кои 37 биле патници, а двајца возачи.

Слично

Поврзани вести