Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАГЕДИJА ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА: Ја запалил куќата, ги убил сопругата и ќерките, па се обесил

ТРАГЕДИJА ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА: Ја запалил куќата, ги убил сопругата и ќерките, па се обесил

Во Србија, маж си ја запалил куќата, ја убил сопругата и двете ќерки, па се обесил. 

Н1 објави дека пред пожарот во куќа во Сомбор се одвивала  крвава драма. Сопственикот на куќата, Здравко Горановиќ, ги убил сопругата и двете ќерки, а како што неофицијално е потврдено, се обесил. Тој претходно запалил нешто во куќата и предизвикал пожар. По гаснењето на пожарот во куќата се најдени четири лица од кои едното било обесено на греда. Горановиќ ги убил сопругата и двете ќерки – родени 2002 и 2005 година. Како што дознава Н1, тој минатата недела е пуштен од притвор поради семејно насилство, што му било заменето со забрана за приоѓање. Горановиќ беше уапсен и во 2010 година поради закани кон тогашниот заменик основен јавен обвинител во Сомбор. 

Слично

Поврзани вести