Трагачите на криптовалути досега имаат „минирано“ 90 отсто од достапните биткоини
Експертите проценуваат дека последниот биткоин ќе биде ископан во 2140 година.
Трагачите на криптовалути досега имаат „минирано“ 90 отсто од достапните биткоини или 18,89 милиони од можни 21 милион. Првиот биткоин е „ископан“ во јануари 2009 година. Последната цена што ја достигна беше 48.746 долари, што е пад за 28 отсто во однос на највисоката вредност, 69.000 долари, која беше постигната на почетокот на годинава. За една деценија, цената на биткоинот претрпе големи промени.
Слично
