Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАЕШЕ КРАТКО – пропадна четвртиот оператор Албафон

ТРАЕШЕ КРАТКО – пропадна четвртиот оператор Албафон

Пред две години на македонскиот пазар се појави четвртиот мобилен оператор Албафон, кој првенствено беше таргет за граѓаните албанци.

„Албанските корисници ќе ги третираме онака како што заслужуваат, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик“, изјави тогаш Ардиан Хоџа, извршниот директор на Албафоне. Дистрибутери на Албафон беа неколку познати компании од оваа област. Сепак овој оператор престанува да функциониера. Со испраќање на смс пораки до корисниците да се префрлат на друга мрежа, одговорните ги информирале дека компанијата повеќе нема да постои.

Услугите на овој оператор на пазарот ги користеа околу 16 илјади корисници преку мрежата на ОНЕ.

Засега нема официјално соопштение од овој оператор а коментари од ОНЕ се очекуваат во текот на денот.

Инаку, моментално во Македонија 49 проценти од  корисниците на мобилна телефонија припаѓаат на Т-мобиле, 28 отсто се корисници на ВИП, а останатите 23 проценти од граѓаните ги користат услугите на ОНЕ.
Слично

Поврзани вести