Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАДИЦИОНАЛЕН СОЈУЗНИК НА ПУТИН: БРИКС доби уште една земја партнер

ТРАДИЦИОНАЛЕН СОЈУЗНИК НА ПУТИН: БРИКС доби уште една земја партнер

Белорусија стана партнер на БРИКС. 

Министерството за надворешни работи во Минск објави дека Белорусија стана земја партнер на БРИКС откако претседателот Александар Лукашенко на 5 месецов преку писмо го информира рускиот претседател Владимир Путин, за подготвеноста на државата да се приклучи на организацијата како партнер. Статусот на земја-партнер значи учество на специјални сесии, на самити и состаноци на министрите за надворешни работи на БРИКС. Можно е да се поканат партнерите и на настани на министерско ниво, особено за трговија, на состаноци со претставници за националната безбедност и на парламентарни форуми. Неодамна БРИКС одржа самит во Казан, во Русија. 

Слично

Поврзани вести