Товарните возови наскоро ќе тргнат од Скопје кон Солун
Возовите од Скопје повторно ќе тргнат кон Солун. Според најавите, редовните железнички линии ќе стартуваат во март идната година, а ќе се пуштат за транспорт на стока до Солунското пристаниште. Според директорот на пристаништето, Стилианис Агелудис, ваквиот транспорт е најбрза и најевтина варијанта.
Тој заедно со бизнис делегацијата од Солун денеска допатува во Скопје и потврди дека воведувањето на редовните железнички линии е договорено про што укажа дека тоа ќе ги намали транспортните трошоци, а зголеми транспортот.
Агелудис за време на презентацијата во Стопанската комора посочи дека во Солунското пристаниште се вложени 30 милиони евра, а најави нови инвестиции во опрема и машини. Пристаништето работи 24 часа, истакна тој, а цените на услугите и покрај кризата воопшто не се променети.
„Од овие причини сме најконкурентни од Трст до Бургас и од Драч до Пиреа“, смета Агелудис.
Лани преку Солунското пристаниште се пренесени над 23.000 контејнери или за околу 13 повеќе од изминатиот период. Според податоците од транспортерите и компаниите, над 90% од македонските стоки кои користат поморски транспорт, се движат преку пристаништето во Солун.
Слично
