Торба со документи украдена од општина Центар
Дрски крадци по полноќ „оперирале“ во бараката број 6 на општина Центар, каде што се сместени општинската архива, архивата на секторот за урбанизам и целосната документација за работата на Советот на општината.
Во три часот по полноќ, крадците ги извадиле сите компјутери од бараката во дворот, но обезбедувањето ги открило пред да успеат да ги однесат. Потоа побегнале со една торба документи.
Полицијата спроведува истрага, а бараката е запечатена за да се открие што недостига.
Слично
