Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топузова-Каревска не е изненадена од одлуката за нејзино разрешување

Топузова-Каревска не е изненадена од одлуката за нејзино разрешување
Пратеничката Роза Топузова-Каревска вели дека воопшто не е изненадена, туку напротив ја очекувала одлуката за нејзино разрешување од партиските функции во ЛДП. Во изјава за А1он, таа потенцира дека и покрај тоа што нејзината матична партија ќе испрати известување во Собранието дека не ги претставува интересите на ЛДП, сепак е подготвена да остане опозиција во законодавниот дом. „Сосема легитимно е Централниот одбор да ги менува членовите на извршен одбор, а исто така и да ги разрешува. Тоа е според Статутот на партијата. Сепак според пишувањата во медиумите за мене, ваквата одлука не беше изненадување“, вели Роза Топузова-Каревска за А1он. Категорична е дека останува во Собранието за да ја критикува власта.  
Слично

Поврзани вести