Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОПЛО-ЛАДНО: Каде исчезнаа бугарските цевки од Јужен тек?

ТОПЛО-ЛАДНО: Каде исчезнаа бугарските цевки од Јужен тек?
Бугарските медиуми вчера објавија дека првите цевки од свеченото заварување со кое беше означен стартот на изградбата на гасоводот Јужен тек во Бугарија се размонтирани, што претставува сигнал дека Бугарија веќе се откажува од изградбата на гасоводото. Медиумите објавија и фотографии од местото каде што беа поставени цевките, на кое сега се наоѓаат само празните бетонски столбови. Но, се огласи бугарското Министерство за енергетика, според кое плановите за изградба на гасоводот продолжуваат. Според министерот Драгомир Стојнев, Бугарија има намера да се бори за гасоводот кој стана заложник на недоразбирањата меѓу ЕУ и Русија. „Цевките се преместени во магацин, таму ќе бидат привремено и ќе се користат за натамошните работи“, изјави Стојнев. Европскиот парламент вчера им препорача на европските власти да ја прекинат изградбата на Јужен тек, да воведат санкции за руските енергетски компании и да ги стават вон сила сите спогодби со Русија.
Слично

Поврзани вести