Топлификација: Макпетрол бара да му плаќаме однапред, тоа не е пазарна економија!
Топлификација смета дека Макпетрол неоснованo бара наплата на целиот долг, иако динамиката на отплата досега е запазена, онака како што и била договорена.
„Ние до петок, 14.12 2012 ќе си ја платиме сметката за сите енергенски (мазут, природен гас) што сме ги зеле од нив заклучно со 30 новмеври, оваа година. За првата половина од декември, тоа што ќе го земеме ќе го платиме до крајот на годината, а за втората половина од декември ќе си палтиме до 20 јануари, 2013 година“, изјавија за „Фактор“ од Топлификација.
Денеска Макпетрол порача дека нема да испорачува гас и мазут на Топлификација доколку до петок не се исплати долг од околу 3 милиони евра, со што одново дојде во опасност функционирањето на парното греење во Скопје.
Слично
