Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топлификација го прекина формирањето пакет акции!

Топлификација го прекина формирањето пакет акции!
Надзорниот одбор на Топлификација АД  донесе одлука да се прекине активноста за формирање на мнозински пакет акции. - Надзорниот Одбор смета дека со сите активности кои се реализирани во текот на оваа постапка акционерите на Топлификација АД се информирани за ризиците кои постојат кај малцинските акционери при преземање на фирмата без официјална јавна понуда до сите акционери, изјавуваат од Топлификација . Од таму  сметаат дека во овој момент нема најави дека може да има ризик за преземање на фирмата без официјална јавна понуда до сите акционери. Во соопштението до берзата Одборот објаснува дека донесе одлука да се прекине формирањето на мнозински пакет акции.  Според извори од компанијата за весникот  Дневник  постоела опасност Топлификација да биде преземена од „Kордикор инвестмент“, зад која наводно стоела корпорацијата „Синтекс“, која е сопственик на гасната централа ТЕ-ТО.
Слично

Поврзани вести