Топлификација во договор со Министерството за транспорт и врски ќе прави студии за дистрибуција на гас
Cтудии за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во државава ќе изработи Топлификација во договор со Министерството за транспорт и врски.
Како што претходно објави Фактор, Конзорциумот на чело со компанијата за проектирање, инженеринг, трговија и транспорт – Топлификација Инжинеринг победи во конкуренција на 4 други фирми, откако на претходниот тендер за изработка на физибилити студијата за развој на дистрибутивната гасоводна мрежа во земјава, неколкуте добиени понуди Министерството ги оцени како неприфатливи.
„Топлификација Инженеринг ДООЕЛ Скопје, фирма која е во целосна сопственост на Топлификација АД, потпиша договор со Министерството за транспорт и врски за изработка на идејни проекти и физибилити студии за реализација на дистрибутивни системи за природен гас за сите градови во Република Македонија. Вредноста на договорот е 66.9 милиони денари со вклучен ДДВ“ - се наведува во дописот од Топлификација до Македонската берза.
Рокот за реализација на договорот е осум месеци.
Слично
