Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топлификација прашува кој досега манипулирал со ефикасноста на котлите за парно

Топлификација прашува кој досега манипулирал со ефикасноста на котлите за парно


Акционери на Топлификација, друштвото кое пред БЕГ беше носител на лиценцата за производство и дистрибуција на топлинска енергија реагираат на тврдењата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) според кој ефикасноста на котлите на БЕГ е 36 проценти. Тие се прашуваат зошто до сега не е кажан овој процент кога во извештаите на РКЕ за претходни години стои дека ефикасноста во проценти е далеку повисока. Оваа реакција следува откако во јавноста се разгоре битка меѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимовски и БЕГ за цената на топлинската енергија и цената по која БЕГ ја купува оваа енергија од фирмата мајка ТЕ-ТО. Во изјава Бислимовски рече дека никаде во светот цената на произведена топлинска енергија каде се произведува и електрична енергија и каде ефикасноста е над 90 отсто, не е иста со „цената на топлинската енергија произведена во котел кој произведува само топлинска енергија со ефикасност до 36 проценти“.

Овој процент ги загрижува акционерите на Топлификација.

„Ваквото тврдење на претседателот на РКЕ е спротивно на податоците објавени во годишниот извештај на РКЕ за 2016 година каде тврдат дека вкупната ефикасност на системите за производство и дистрибуција е 87,41 проценти. Загубите во дистрибутивната мрежа во ниеден случај не можат да бидат помали од 11 отсто. Тоа значи дека загубите во котлите таа година се само 1,44 проценти или ефикасноста на котлите е 98,56 проценти. И сега се поставува прашање кога РКЕ, претставувано од претседателот е во право. Во годишниот извештај од 2016 година каде системите за производство и дистрибуција се претставени како најефикасни во светот, или во своето излагање кога тврди дека се најнеефикасни во светот, велат акционери од Топлификација.

Тие тврдат дека проблемот е на друго место и дека реалните бројки за ефикасноста на тие системи се далеку и од бројките кои претседателот ги изнел на прес конференцијата и од оние кои се наведени во годишниот извештај на РКЕ за 2016 година.

Тие се зачудени и од тврдењето на Бислимовски дека не смее да се дозволи нерегулирани производители сами да ја одредуваат цената во моментот кога нема други нерегулирани постројки“.

„Зошто тогаш до вчера тоа го дозволувале и ги оштетиле граѓаните со милиони евра за што и кривично се одговара иако во оваа држава никој не одговара за ништо освен за неколку украдени ќебапи и тегли ајвар. И повторно изјава на најповиканиот човек во енергетиката каде преку ова регулаторно тело се регулира годишен енергетски бизнис од милијарда евра да не знае дека не постоела друга таква когенеративна постројка - еве ние да го известиме тоа е Когел од 30 MW моќност, која за жал во држава која се помалку има јаглен и која увезува струја од нејасни причини не работи иако ТЕТО која е 227 MW номинална моќност работи, велат акционерите.

Прашуваат и зошто ако до 2018 на страницата на РКЕ слободно можеше да се види работата на овие друштва сега извештаите се тргнати.

А.Т.


Слично

Поврзани вести