Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Топлификација“ наплаќа стари долгови за парно, граѓаните револтирани!

„Топлификација“ наплаќа стари долгови за парно, граѓаните револтирани!
Старата „Топлификација“наплаќа долгови. Овие денови кај извршители се пратени 15.000 предмети за долгови на граѓани од 1.000 до 2.000 денари, пишува Дневник. Граѓаните се револтирани, голем дел од нив сметаат дека не должат за парно греење на Топлификација, а сега наместо компанијата тие треба да шетаат низ бирократските лавиринти, нотар – извршител - шалтери на „Топлификација“ за да однесат доказ дека ништо не должат. Спред Дневник , граѓаните се револтирани и поради трошоците за блокада и одблокада на сметка, односно банкарската провизија која се движи од 800 до 1.200 денари, во зависност од банката. Од„Топлификација“ велат дека имаат околу 15.000 предмети пратени на извршител и оти се можни и нивни грешки, кои ако се докажат, компанијата ќе ги исправи, односно ќе им ги врати парите на граѓаните. - Имаме побарувања, си бараме с` што не е платено. Ако донесат потврда дека се чисти и ништо не должат, нема никаков проблем, ние ќе им ги вратиме парите. Можно е и ние да сме згрешиле, се случуваат грешки. Околу 15.000 предмети периодов им се дадени на извршители. Не откриваме колкави се вкупните побарувања, но долговите се движат од 1.000 денари нагоре. Бројот ќе расте бидејќи секој ден им се даваат нови предмети на извршители. Граѓаните требало досега да платат, ние 1,5 година не грееме. Ги молевме, склучувавме договори за плаќање на рати, ќе платеа една рата и толку. Правевме с` да ги натераме да ги намират долговите по поедноставен пат. Ова е последната законска можност, која и ние не би сакале да ја користиме, но од тоа живееме, мора да си ги наплатиме долговите - вели за Дневник Драгaн Мaкeнаџиев, портпарол на „Топлификација“.
Слично

Поврзани вести