Топлификација го откажа парното ама билда добивки: 533 илјади евра за првото тромесечје!
Друштвото “Топлификација” АД Скопје во првите три месеци од годинава оставрило поголема добивка во споредба со истиот период лани. Годинава добивката е во износ од 533.869 евра, лани во првите три месеци била 108.016 евра. Според податоците од неревидираниот Биланс на успех за Топлификација објавен на Македонската берза, регистриран е пад на бруто добивката која годинава во првиот квартал изнесувала 180.097 евра, а лани истиот период 251.284 евра.
Податоците покажуваат намалување на приходите од продажба на домашен пазар, кои во првите три месеци од оваа година изнесувале 182.260 евра, додека истиот период минатата година изнесувале 252.081 евра. Од друга страна билансот покажува пораст на финансиските приходи. Во првиот квартал годинава финансиските приходи се во износ од 759.577 евра, а минатата година истиот период изнесувале 281.739 евра. Кај финансиските расходи, годинава постои нензачително зголемување и изнесуваат 378.195 евра, додела лани биле 373.869 евра.
Во делот посветен на “Анализата на оперативната добивка/загуба по природата на трошоците”, податоците покажуваат дека во првиотквартал од годинава споредено со истиот период лани компанијата имале помали трошоци за суровини и други материјали, материјални трошоци, а за вработените нема воопшто трошоци.
Ј.С.
Слично
