Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОПЛАНИТЕ НЕМААТ ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИЗЕЛ, А СЕПАК ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ЗА РАБОТА СО ОВА ГОРИВО

ТОПЛАНИТЕ НЕМААТ ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИЗЕЛ, А СЕПАК ЌЕ СЕ ТЕСТИРААТ ЗА РАБОТА СО ОВА ГОРИВО

Првиот човек на министерството за животна средина, Насер Нуредини, во изјава за „Телма“ истакна дека топланите Исток и Запад не смеат да користат дизел-гориво за испорака на топлинска енергија.

Според него, дозволата што ја поседуваат овие објекти подразбира тие да функционираат на гас, а доколку овој енергенс не е достапен на пазарот, тогаш за краток период можат да употребуваат мазут.

Министерот истакнува дека за да можат да употребуваат друго гориво, задолжително е поднесување барање за дозволата да се измени. Процедурата за ова трае исто како и за добивање нова дозвола, односно 90 дена. Ставот на Нуредини е дека гас треба да се употребува за загревање сè додека овој енергенс е достапен, бидејќи на тој начин животната средина и здравјето на луѓето ќе бидат заштитени.

ЕСМ, пак, која што го превзеде управувањето со парното греење во Скопје, истакнува дека тестирањето на дизел се прави со цел да се обезбеди сигурност дека главниот град ќе има парно греење за времетраењето на целата сезона, без разлика дали гасот ќе биде достапен или неговите цените ќе бидат превисоки за набавка.

- Топланите оваа грејна сезона ќе работат на гас, додека во еден кус период системот ќе се тестира за да бидеме подготвени и за други сценарија. Сите постапки и процедури ќе бидат запазени согласно законските прописи, а истите ќе одат во забрзани постапки со оглед на прогласената кризна енергетска состојба - велатод државната компанија.

На почетокот на месецов беа обезбедени количи гас потребни за топланите Исток и Запад, но тие ќе траат до 15 ноември, а што ќе се случува по овој датум, засега не е познато. Од друга страна, невладиниот сектор што работи на планот на животната средина веќе излезе со реакција дека дизелот не треба да се користи како енергенс за загревање, имајќи предвид дека истиот загадува значително повеќе од гасот.

- Од почетокот на ноември веќе секојдневно се надминуваат дозволените вредности на загадувањето на воздухот во Скопје, кое во некои денови е и двојно повисоко од дозволеното. Со користењето на дизел во топланите, дури и само во овој тест период, загадувањето уште повеќе ќе се зголеми - изјавиja од„Еко-свест“.

Слично

Поврзани вести