Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ темата во грчкиот печат: „Спасувачкиот план“

Топ темата во грчкиот печат: „Спасувачкиот план“

Атина ja претстави "патната карта" за постигнување на договор со доверителите и грчките предлози се веќе во парламентот за гласање. Еврогрупата ќе се произнесе по нив утре, информира грчки "Етнос".

Владата на премиерот Алексис Ципрас предлага ударни мерки во вредност од 13 милијарди евра, а во замена сака заем од 53,5 милијарди евра. Некои од предлозите сепак се очекува да бидат критикувани од доверителите, како оние за бонуси кон пензиите, дополнува "Имерисија", потсетувајќи притоа дека владејачката коалиција во Атина  нуди кастрење на трошоците за пензии.

Весникот го цитира германското списание "Шпигел", што денеска пишува дека сто пратеници од партијата на канцеларката Ангела Меркел се кренале на бунт против неа и не сакаат да поддржат нов заем за Грција. Министерот за финансии Шојбле пак се спротивстави на бараното од Атина дополнително реструктуирање на грчкиот долг.

"Катимерини" ги претставува предложените мерки како "уште еден меморандум" во замена за нов договор за заем од 53,5 милијарди евра, кој Атина сака да го земе од Европскиот стабилизационен механизам. "Прото тема" пак алармира дека шоковите мерки ќе влијаат на пензионерите и дека од нивните приходи треба да бидат заштедени 2,7 милијарди евра.

Весникот  "Вима" истакнува дека мерките ќе бидат разгледани уште утринава од парламентарната група на владејачката партија СИРИЗА и дека некои нејзини претставници од фракцијата Лева платформа се разликува од нив.

"Грција зема здив, мерките се последна шанса пред пропаста", забележува во наслов весникот. Во врска со предлозите медиумите информираат уште дека за денес освен дебатите во парламентот, каде ќе се дискутира за новите мерки во форма на нацрт-законот е предвидена и седница на опозицијата.

Трите опозициски партии - Нова демократија, Потами и ПАСОК, кои изјавија дека ќе го поддржат договорот со доверителите, велат дека силно се сомневаат дека Владата ќе ги реализира предложените реформи. За денес се закажани и два митинзи во Атина - едниот на оние кои велат "не" на мерките за штедење, а другиот на оние кои велат "да" на Европа.

Слично

Поврзани вести