Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТОП ЛИСТА НАЈЗАГРОЗЕНИ ДРЖАВИ: Македонија 14-та меѓу земјите во длабока криза!

ТОП ЛИСТА НАЈЗАГРОЗЕНИ ДРЖАВИ: Македонија 14-та меѓу земјите во длабока криза!

Македонија го најде своето место во групата презадолжени земји на кои дури им се заканува банкрот.

Листата, која ја зацврсти Македонија меѓу најзагрозените земји во светот кога е во прашање економската состојба, ја формираше „Jubilee Debt Campaign“, институцијата која го состави извештајот со помош на Европската унија иако нејзините пораки не ги одразуваат ставовите на Унијата.

РАСТ НА ЗАДОЛЖЕНОСТ

Клучни тези на истражувањето на „Jubilee Debt Campaign“ се, меѓу останатите, дека глобалното ниво на задолженост е во силен раст откако падна во период од 2008 до 2011. Вкупното ниво на јавен и приватен долг нарасна од 2011 до 2014 за 2,5 милијарди долари и оваа година би можела да достигне 14,7 милијарди. Вкупниот нето долг на земјите должнички во четири години се зголеми дури за 30 посто.

Светот сведочи за кредитниот бум во земјите со ниски примања на граѓаните кои го поттикнуваат растот, но не го намалува сиромаштвото и нееднаквоста. За 22 земји може да се каже дека веќе се во сериозна должничка криза, а уште 71 од нив наскоро ќе се најдат во истата, опасна позиција, тврдат во „Jubilee Debt Campaignu“.

Таа организација ја постави Македонија во првата категорија на земји, односно во оние кои веќе се во сериозна должничка криза. Таквите земји ги карактеризира високо ниво на државни долгови и висок нето надворешен долг (нето долг кон остатокот на светот). Се работи за 22 земји во Европа, средна Америка, Кариби, средниот Исток и северна Африка. На листата од 22 земји кои се во опасност може да им се додадат и оние кои веќе се во банкрот Судан и Зимбабве.
НЕСЛАВЕН „КЛУБ 22“
Во тој неславен „клуб 22“ се (во извештајот по азбучен ред) Арменија, Белизе, Костарика, Хрватска, Кипар, Доминиканската Република, Ел Салвадор, Гамбија, Грција, Гренада, Ирска, Јамајка, Македонија, Црна Гора, Португалија, Шпанија, Шри Ланка, Свети Винсент, Тунис и Украина.
Со тоа, првата и најлоша група, организацијата „Jubilee Debt Campaign“ ја подели на ризични земји во уште три групи: оние со висок ризик на должничка државна криза, оние со умерен ризик на државни долгови и оние во кои постои опасност од должничка криза во приватниот сектор.
Иако политичарите на власт и поедници експерити ќе оспоруваат дека Македонија е во првата т.е најлоша група, сосема е сигурно дека ни навивачите на политичката опција на власт не може да речат дека Македонија не припаѓа во втората загрозена група бидејќи критериумите за да се најде во неа се висок надворешен долг и траен дифицит на тековната сметка и високи обврски во проектираните враќања на долговите.
Аналитичарот Мишел Снајдер предупреди дека планетарниот однос на долгот кон БДП во целата планета моментално е на рекордно ниво од 286 посто. Понатаму, секој човек кој живее на Земјата, секој маж, жена и дете, должат околу 28.000 долари. Бидејќи околу половина од популацијата живее со примања пониски од 10 долари дневно, се работи за страшен товар на долгот.
ПРОБЛЕМ НА ИЗБОРНА ГОДИНА
 
Со други зборови, иако, предупредува Снајдер, со недели ја забавувавме анализата со шанси да го видиме банкротот на Грција, за која ЕУ во моментов лансира трета програма на помош, токму би требало да говориме за глобална акцелерација на банкрот.
Дури и ако е оправдано зацврстувањето на Македонија во групата на земји должнички, треба да се истакне дека е очигледено зголемувањето на бројот на земји кои се кандидираат за финансиски проблеми од најлош вид е неоспорен и сериозен проблем во изборната година, кога политичарите инстинктивно ја олабавуваат контролата на јавните трошоци.
ЕВЕ ЈА ЛИСТАТА НА ЗЕМЈИ:
Земји во длабока криза
1. Ерменија
2. Белизе
3.Костарика
4. Хрватска
5.Кипар 6. Доминиканска Република 7. Салвадор 8. Гамбија 9. Грција 10. Гренада 11. Ирска 12. Јамајка 13. Либан 14. Македонија 15. Маршалските Острови 16. Црна Гора 17. Португалија 18. Шпанија 19. Шри Ланка 20. Сент Винсент и Гренадини 21. Тунис 22. Украина
Земји кои веќе банкротирале
1. Судан2. Зимбабве
Земји со ризик од продлабочување на кризата
1. Буркина Фасо
2. Камбоџа
3. Камерун
4. Централна Африканска Република
5.Чад6. Брегот на Слоновата Коска7. Џибути8. Гвајана 9. Хаити 10. Унгарија 11. Италија 12. Киргистан 13. Латвија 14. Лесото 15. Либерија 16.Литванија 17. Мадагаскар 18. Малдиви 19. Мали 20. Нигер 21. Полска 22 .Руанда 23.Србија 24. Сиера Леоне 25. Словачка 26. Свети Луциа 27. Того 28. Тонга 29. Замбија
Земји со висок ризик од продлабочување на кризата
1. Бутан
2. Зелено'ртска Република
3. Доминика
4. Етиопија
5.Гана6. Лаос7. Мавританија8. Монголија 9. Мозамбик 10. Самоа 11. Сао Томе и Принципе 12. Сенегал 13. Танзанија 14. Уганда Обработка: И.Р.
Слично

Поврзани вести