Топ-10 најголеми добивки за 2025 во Струмица: Доминација на Пандев и градежниот сектор
Жикол, градежната компанијата на бизнисменот Никола Пандев, ја оствари најголемата добивка во Струмица за 2025. Оваа компанија работи на неколку проекти низ земјата на нискоградба, но и на изградба на пречистителната станица во Скопје.
Во најдобрите десет е уште една фирма на Пандев - Пелагонија Струмица, каде што Жикол има удел од 95 отсто, а компанијата се занимава со изградба на станбени објекти.
На второто место е Дисмак Транспорт, една од транспортните компании на синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев. Овие струмички бизнисмени имаат уште една компанија во Топ-10 со најголеми добивки во Струмица за минатата година - градежната Сим Инженеринг.
Макс Струмица, фирма за производство на зачини, е на третото место, инаку во сопственост на Слободан Тупаров. Во Топ-5 е уште и локалниот малопродажен синџир Црвена Ружа на Зонка и Ванчо Манчеви.
На шестата позиција е Еко Инженеринг-НС на Никола Ѓоргиевски за изградба на станови, а потоа следува Тргопродукт на семејството Заеви, познато по брендот „Мамас“.
Акционерсктоо друштво „Грозд“ на Васе Митев, познато исклучиво по производство на струѕмичката мастика, за 2026 е на осмото место.
Во Топ-10 рангирањето е и странскиот инвеститор Адиент Аутомотиве, кој произведува навлаки за автомобилски седишта во развојната индустриска зона. А.К.

