Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ-5 најголеми добивки од продажба на горива преку складишта: Во Македонија се прават милиони и од мазут и нафта за загревање

Топ-5 најголеми добивки од продажба на горива преку складишта: Во Македонија се прават милиони и од мазут и нафта за загревање

Освен директната продажба на крајни потрошувачи преку бензински пумпи, во Македонија се прават големи добивки и од бизнисот на големо со горива. Главно овие компании имаат свои резервоари од каде потоа горивото им го продаваат директно на големи компании-потрошувачи, на трговците на мало или преку тендери за државните институции.

На првото место е АД Окта, во сопственост на Хеленик Петролеум, инаку убедливо најголемиот увозник на нафтени деривати во земјта. Покрај големиот број на складишни капацитети, компанијата снабдува и нафтени резерви за државата. 

Второрангирана за 2025 е добропознатата Пуцко Петрол, кој знабдува со нафтени деривати голем број на институции и јавни претпријатија како ЈСП-Скопје. Фирмата на Асмир Јахоски најголем број на складишта има во Ижиште и во Кисела Вода.

На третата позиција е Пертинакс, компанија на бизнисменот Зоран Ивановски, која влегува во групата на трговци кои снабдуваат индустриски корисници и дистрибутивни компании со течни горива, но најмногу е позната по тоа што го снабдува РЕК Битола со мазут.

„ДАДИ Оил“, ќерка фирма на „ДАДИ Компани“, односно на Даме Ристов е на четвртото место, како фирма позната по тоа што добива голем број на јавни набавки од разни институции за нафта за загревање. Складишни капацитети има во Виница и Петровец.

Во првите пет е и КА-Оил на Бојан Каров, помалку позната компанија, за која единствено пред пет години се пишуваше дека на ова друшво му била одземена лиценцата за непрописно тргување на големо со мазут.                                                                         А.К.



    Слично

    Поврзани вести