Економија, финансии, бизнис

Контакт

Топ-5 компании со најголеми добивки во 2025 од продажба на облека на мало, кој заработи најмногу од модата во Македонија?

Топ-5 компании со најголеми добивки во 2025 од продажба на облека на мало, кој заработи најмногу од модата во Македонија?

Петте најголеми компании од малопродажбата на облека во 2025 година оствариле вкупна добивка од околу 7,9 милиони евра. На врвот е компанијата поврзана со ЛЦ Ваикики, а зад неа се фирмите на други добро познати брендови.

ЛЦ ВАИКИКИ РЕТАИЛ МК ДООЕЛ Скопје е најпрофитабилна компанија во оваа група во 2025 година. Фирмата што го носи брендот ЛЦ Ваикики остварила добивка од околу 3,81 милиони евра, додека во 2024 година добивката изнесувала околу 1,06 милиони евра. Тоа значи раст од приближно 2,75 милиони евра.

На второто место е ИТХР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, зад која стојат модните брендови Зара, Пул енд Беар, Бершка, Страдивариус, Масимо Дути, Ојшо и Зара Хоум. Компанијата во 2025 година имала добивка од околу 1,57 милиони евра. Една година претходно добивката била околу 2,97 милиони евра, што покажува пад од приближно 1,41 милиони евра.

ЊУ ЈОРКЕР МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се најде на третата позиција со добивка од околу 1,50 милиони евра. Станува збор за фирмата што го застапува Њу Јоркер на македонскиот пазар. Во 2024 година добивката изнесувала околу 1,44 милиони евра, па растот е умерен, околу 59 илјади евра.

Четвртата позиција ја зазема ЕУРОФЕШН ТРЕЈД ДОО Скопје, во чие портфолио се Fashion&Friends, Replay, Levis, Timberland, Kiko Milano, Guess, Hugo... и други модни брендови. Компанијата во 2025 година прикажала добивка од околу 0,53 милиони евра. Во споредба со 2024 година, кога добивката била околу 0,58 милиони евра, има пад од приближно 54 илјади евра.

Листата ја заокружува ТОМ ТАИЛОР ДООЕЛ Скопје, фирмата зад брендот Том Тејлор, со добивка од околу 0,50 милиони евра во 2025 година. Со овој резултат, компанијата влегува меѓу петте најпрофитабилни фирми од продажба на облека на мало.



Слично

Поврзани вести