Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Образование“ го води орото: Топ-20 највредни тендери со преговарање без објавен оглас

„Образование“ го води орото: Топ-20 највредни тендери со преговарање без објавен оглас

Договорот на Министерството за образование со издавачките куќи во вредност од 300 милиони денари е „најтешкиот“ тендер склучен со преговарање без претходно објавен оглас, според податоците кои ги објави Бирото за јавни набавки непосредно пред Нова година, а се однесуваат на 2017-та, додека резултатите од 2018-та допрва ќе се обработуваат. Овој ресор има уште два вакви договори, кои се на осмото место на листата со 37 милиони денари.и 16-то со 18 милиони денари.

Во Топ-20 ваков тип непосредни договори на  второто место е тендерот на АД ЕЛЕМ во вредност од 290 милиони денари доделен на Марковски компани за ископ во РЕК Битола. На третата позиција е ЈСП Скопје со договор од 94 милиони денари за Алов АД Гевгелија за набавка на еуродизел. 

Како најголема причина за нивно склучување се непредвидените настани, а потоа следуваат објаснувањата како технички и уметнички причини и итната набавка на непредвидени работи, а има и такви како дополнителни работи што произлегле при реализација на основни договори. 

Бирото за јавни набавки укажува дека бројот на тендери со преговарање без претходно објавен оглас се намалува од година в година и додека во 2017-та такви имало 497, во 2015-та имало двојно повеќе. Нивната вредност во 2017 споредбено со 2016-та е многу помала и односот е 1,8 милијарди денари наспроти 2,23 милијарди една година претходно. 

Учеството на ваквите тендери во вкупната структура на сите јавни набавки учествува со пет отсто и е за 20 насто зголемен во однос на претходните години.

Во продолжение сите „највредни“ тендери склучени во четири очи без претходен оглас.

А.К.






Слично

Поврзани вести