ТОП 10: Во овие земји се живее најквалитетен живот
Квалитетот на животот се определува со различни индикатори.
Во својата годишна листа Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) вклучи 34 држави кои се оценети според критериуми како благосостојба, баланс "работа-личен живот", финансиско богатство, квалитет на животната средина и др.
Еве во кои земји се живее најквалитетно:
1. Норвешка Земјата се искачува од второ место минатата година до почесното прво. Луѓето живеат најдобро во Норвешка, каде мнозинството имаат работа, образованието е квалитетно, а просечниот животен век е 82 години.
2. Исланд Исланд е подобрен за 9 позиции од минатата година. Земјата има најчиста вода за пиење на Земјата. Оценката на населението за задоволството од животот е 7,5 на скала системот.
3. Швајцарија Швајцарија има едни од најниските нивоа на криминал и невработеност од сите индустријализирани земји. Само 3,5% од населението е без работа.
4. Австралија Она што е ја носи Австралија на четврто место е силната граѓанска активност. На последните избори одѕивот бил 93%.
5. САД Просечниот годишен расположлив приход на човек од домаќинството надминува 41 илјади долари, што е доста над просекот за ОЕЦД - 25.908 долари.
6. Канада На анкета за тоа колку се задоволни од животот во земјата, Канаѓаните даваат оценка 7.3. Канада е лидер и индикаторот "станбен стандард" - секој Канаѓанец располага со просечно 2,5 соби.
7. Шведска Шведска е лидер по индикаторот "квалитет на животната средина". Има и висока граѓанска активност. Одѕивот на последните парламентарни избори во земјата беше 87%. Друг важен индикатор е дека само 1% од Швеѓаните имаат подолг од просекот работен ден.
8. Холандија Холандските домаќинства имаат 27.888 долари годишен нето расположлив приход на човек, што е над просекот за земјите од ОЕЦД. Освен тоа, Холандија има едни од највисоките нивоа на писменост во светот.
9. Нов Зеланд Земјата е на прво место според индикаторот "здравство". Има надпросечна оценка и за квалитетот на животната средина. Емисиите на стаклени гасови во Нов Зеланд се релативно ниски, главно поради малото население и близината до морето.
10. Данска Вкупно 94% од испитаниците се задоволни од квалитетот на водата за пиење во земјата. Во однос на финансиите исто немаат тешкотии - над 73% од луѓето на возраст од 15 до 64 години имаат работа.
